Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека „намерно“ го одложува преминувањето на бродовите со украинско жито, што е од витално значење за многу земји во Африка и Азија.

Повеќе од 150 бродови чекаат да ги исполнат договорните обврски за испорака на нашите земјоделски производи. Тоа е вештачки создаден ред на чекање, кој настана само затоа што Русија намерно го одложува минувањето на бродовите – изјави рече Зеленски во видео-обраќањето, без да даде други детали.

Во истото обраќање, Зеленски ги поздрави „добрите резултати“ на украинската армија против руските војници во регионот Херсон, на југот на земјата, за каде што Киев тврди дека ја вратил контролата на неколку десетици локации и дека пронашол големи количества руско оружје опрема.

Украинскиот претседател истакна дека се запленети повеќе од 30 оклопни возила и околу 1.000 противтенковски проектили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.