Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека вчера разговарал за „Планот за победа на Украина“.

Украинскиот претседател додаде дека планот вклучува неколку точки: воени, политички, дипломатски и економски.

Неопходните чекори се јасно дефинирани и ќе ѝ овозможат на Украина најсилни позиции за постигнување мир – вистински и праведен мир“, напиша Зеленски на платформата Икс.

Тој додаде: „Ништо невозможно не постои во овој план. Над 90 отсто од него е веќе изработен.“

Следната недела ќе го претставиме нашиот План за победа на нашите сојузници. Благодарен сум на сите во светот кои стојат со Украина и ни помагаат да го одбраниме животот, напиша Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.