Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили имаат за цел да го окупираат истокот и југот на земјата и се пожали дека западните земји не му дале на Киев доволно противракетни системи.

Преку социјалните мрежи, Зеленски ги пофали и силите кои го бранат опколеното пристаниште Мариупол, додавајќи дека нивниот отпор им овозможува на другите градови да добијат драгоцено време.

Им благодарам на сите што излегуваат на улиците во привремено окупираните градови, на сите што не се плашат да излезат, на сите што се плашат да излезат. Кога луѓето протестираат – и колку повеќе луѓе протестираат, толку потешко ќе им биде на окупаторите да не уништат и да ги уништат нашите слободи. Ова е нашата заедничка борба! Нашата заедничка борба ќе резултира со победа – рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.