Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разгледува прашањето за смена на министерот за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, пишува поратлот „страна.уа“.

Канцеларијата на Зеленски е генерално незадоволна од дипломатската служба. Информациите за незадоволителната состојба во амбасадите доаѓаат од различни страни“, украинскиот медиум цитира извор близок до претседателскиот кабинет.

Во текстот се наведува дека првично, Кулеба требало да биде испратен за амбасадор во Лондон, но потоа на таа позиција бил поставен поранешниот врховен командант Валериј Залужни.

Во исто време со објавувањето на текстот, портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко, објави дека се повлекува од таа функција, без да прецизира од која причина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.