Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа, во своето секојдневно видеообраќање, изјави дека ситуацијата е исклучително тешка на некои точки на фронтот.
– Ситуацијата е исклучително тешка на неколку точки на линијата на фронтот, каде што руските сили имаат концентрирани максимални резерви. Тие го користат доцнењето на помошта за Украина, посочи Зеленски, додавајќи дека на украинските сили им недостасува артилерија, и треба воздушна одбрана за линијата на фронтот, како и оружје со поголем дострел.
Според Зеленски, Киев со своите партнери работи максимално напорно за да ја обнови и прошири поддршката за Украина.
Тој им се заблагодари на своите сонародници, украинските компании и партнерите на Украина, кои веќе произведуваат оружје, артилериски гранати, беспилотни летала и системи за електронско војување во земјата.
Руската армија е во офанзива во источна и јужна Украина и неодамна го зазедоа силно утврдениот град Авдеевка во регионот на Доњецк, што е нивна прва голема победа по заземањето на Бахмут во мај 2023 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.