Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Германија на конференција посветена на повоената обнова на Украина и на разговори со канцеларот Олаф Шолц.

На Телеграм, Зеленски објави дека мерките поврзани со енергетскиот сектор на Украина, уништен од руските воздушни напади, ќе бидат приоритет на конференцијата, што се свикува секоја година.

Разговорите на Зеленски со Шолц ќе се фокусираат на континуирана воена поддршка, вклучително и средства за противвоздушна одбрана и заедничко производство на муниција, како и за усогласување на позициите пред „мировниот самит“ организиран од Швајцарија подоцна во текот на неделата.

Зеленски денеска и утре се очекува да присуствува на конференцијата за обнова на Украина организирана во Берлин, а на која учествуваат владини претставници и претставници на приватниот сектор, меѓу кои и премиери на 10 земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.