Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша нов, построг закон според кој за предавство се предвидува казна од 15 години до доживотен затвор.

Како што се наведува на интернет страницата на украинската Рада, донесена е и измена на законот за враќање на огнено оружје имуниција на цивилите заради заштита на земјата во текот на војна и со кој се пропишува дека цивилите не може да одговараат за употреба на огнено оружје против лица кои вршат оружена агресија на Украина.

Покрај тоа, граѓаните на Украина имаат можност да учествуваат и во одбивање и одвраќање на оружената агресија на Руската Федерација и/или други држави, употребувајќи сопствено спортско оружје (пиштоли, револвери, пушки, пушки со тенка цевка), ловечки пушки и други видови залихи на оружје.

Законот ги зголемува и казните за отуѓивање на туѓ имот на бојното поле или користење на трагични околности или борба за сопствена корист со ограбување луѓе, вклучувајќи ги мртвите или ранетите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.