Украинскиот претседател Володимир Зеленски го засили притисокот врз САД да му дозволат на Киев да изврши напади подлабоко на руска територија, откако неговите претставници вчера се сретнаа со високи американски претставници во Вашингтон.
Вашингтон од 2022 година и даде на Украина повеќе од 50 милијарди воена помош, но ја ограничи употребата на оружје на украинска територија и одбранбените прекугранични операции.
-Чистењето на украинското небо од руските наведувачки воздушни бомби е жесток чекор за Русија да се принуди да го прифати крајот на војната и праведен мир, рече Зеленски во своето редовно вечерно видео обраќање до сонародниците.
Обраќајќи им се на САД, Велика Британија, Франција и Германија, Зеленски рече дека на Украина и требаат средства за вистински и целосно да се заштитат земјата и Украинците.
-Ни треба одобрение за далекуцелните способности и за вашите гранати и проектили со долг дострел, рече украинскиот претседател.
Без да открие детали, тој посочи дека неговите претставници на средбата во Вашингтон им „ги презентирале сите потребни детали“ на украинските партнери.
Украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, кој со делегација вчера и завчера беше во Вашингтон за да се сретне со американски официјални претставници и експерти, во интервју за Си-Ен-Ен рече дека Киев покажал дека руските аеродроми, кои се користат за напади врз украинските градови, се на домет на длабоки удари.
-Ние објаснивме какво оружје ни треба за да ги заштитиме граѓаните од рускиот терор што ни го предизвикуваат Русите, па се надевам дека бевме слушнати, рече Умеров во интервјуто што беше емитувано во петокот ноќта.
Се очекува Зеленски да повтори слична молба следниот месец кога ќе му го претстави својот план за победа на претседателот Џо Бајден и кога ќе присуствува на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.