Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара од украинскиот Парламент да ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација за уште 90 дена.

Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија изврши инвазијата на Украина, а оттогаш оваа мерка неколкупати беше продолжена, пишува лондонски Гардијан.

Украинскиот парламент последен пат ја продолжи вонредната состојба и мобилизација во ноември 2023 година до 14 февруари 2024 година, а со усвојувањето на барањето на Зеленски, овие две мерки дополнително ќе бидат продолжени до 14 мај.

Пратеникот Јарослав Железњак потсети дека украинскиот Парламент ќе гласа за вонредна состојба по 10-ти пат од почетокот на војната.

Вонредната состојба предвидува сите мажи од Украина на возраст меѓу 18 и 60 години, со некои исклучоци, да не смеат да ја напуштат земјата бидејќи може да бидат повикани на воена служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.