Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија користела „нов тип“ ракета во утринскиот напад врз Украина.
„Денеска нашиот луд сосед уште еднаш покажа каков е во суштина и колку го презира достоинството, слободата и човечкиот живот воопшто. Толку многу се плаши што веќе користи нови ракети“, напиша Зеленски.
Украинскиот лидер додаде дека спорната ракета е од руско потекло и дека ги „поседува сите карактеристики – брзина и висина – на интерконтинентална балистичка ракета“.
Утрово, украинските воздушни сили објавија дека Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) кон градот Дњепар, што предизвика противречни извештаи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.