Италија треба да ги укине визите на луѓето со ставови и симпатии за Путин, за да се осигура дека нема да ја попречуваат испораката на западната воена помош за Киев, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција во неделата, еден ден по потпишувањето на безбедносниот договор со премиерката на Италија Џорџа Мелони за време на нејзината посета на главниот град на Украина.

Новинар на италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“ го праша Зеленски дали луѓето во Европа кои „имаат симпатии“ за рускиот претседател Владимир Путин можат да го „комплицираат“ протокот на оружје во Украина.

„Многу сум благодарен на вашата премиерка. Таа е на наша страна и јас сум среќен со договорот што го потпишавме вчера, но во право сте: во Италија има многу луѓе кои имаат симпатии за Путин. Прво треба да им ги откажете визите“, одговори Зеленски, не сфаќајќи дека прашањето се однесуваше за Италијанци со симпатии кон Русија, а не за странски државјани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.