Украинскиот лидер Володимир Зеленски денеска изјави дека не видел докази за повлекување на руските војници од границите на неговата земја. Тој нагласи дека Москва едноставно ротира сили.

Гледаме мали ротации. Јас не би ги нарекол тие ротации повлекување на силите од страна на Русија. Не можеме тоа да го тврдиме – изјави Зеленски.

Тој додаде дека „не гледаат никакви промени“.

Претседателот на Украина го искористи обраќањето за „Денот на единството“ и истакна дека Украина не стравува од евентуална руска инвазија, ветувајќи дека неговата земја ќе возврати.

Ние не се плашиме од прогнози, не се плашиме од никого, од какви било непријатели. Ќе се браниме – нагласи Зеленски на настан организиран од армијата во источниот пристаништен град Мариупол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.