Најмалку 22 лица загинаа, а десетици се повредени во руски ракетен напад врз железничката станица во градот Чаплине, централна Украина, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Нападот се случи вчера, шест месеци по руската инвазија на Украина и на Денот на независноста на Украина.
Штотуку добив информација за руски ракетен напад врз железничката станица во регионот Днепропетровск, врз вагоните на станицата Чаплине. Четири патнички вагони се во пламен, изјави синоќа Зеленски, обраќајќи се пред Советот за безбедност на ОН преку видео врска.
Тој додаде дека Украина „ќе ги натера агресорите да платат за сè што направиле и ќе ги протера од неговата земја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.