На Украина и се потребни околу 100 борбени авиони повеќе од ветеното досега, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА, која се повика на неговото интервју за португалската национална телевизија.
„За ефективни воздушни сили ни требаат вкупно околу 160 борбени авиони. Во пракса, тоа нема да и дозволи на Русија да има супериорност во украинскиот воздушен простор“, рече Зеленски.
Зеленски рече дека Украина добила ветувања за 50 или 60 борбени авиони Ф-16 од американско производство од различни европски земји.
Претходно, портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат изјави дека на земјата и се потребни околу 128 борбени авиони Ф-16
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.