Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на обидот на Русија да го цензурира неговото интервју, дадено за независни руски новинари, оценувајќи дека „Москва е исплашена поради новинарите кои можат да ја кажат вистината“.

Силни луѓе на нашата силна земја, денеска е денот кога повторно се уверувам колку сме далеку од Руската Федерација – изјави Зеленски во своето вчерашно обраќање.

Замислете, во Москва беа исплашени поради моето интервју со руски новинари. Оние новинари кои знаат да ја кажат вистината, нагласи украинскиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.