Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој повикува на „итна“ интеграција на неговата земја во ЕУ по руската инвазија, ќе се обрати пред Европскиот парламент денеска во 12:30 часот (11:30 часот по Гринич) преку видеоконференција, соопшти Роберта Мецола, претседателката на ЕП, јави дописникот на МИА.

На оваа вонредна седница посветена на интервенцијата на армијата ќе интервенираат и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.