Ретко го гледам семејство! Моите деца знаат што се случува!, изјавил украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Моите деца секако знаат што се случува, а не знам дали е добро или лошо, изјавил за Си-ен-ен.

Имено, веднаш по почетокот на руската офанзива, Зеленски изјави дека тој бил „мета број еден“, а неговото семејство „мета број два“. Иако многу држави му понудија да му помогнат да се евакуира, тој одби.

Моите деца се многу горди на Украина. Тие веруваат во нашата победа, веруваат дека ќе победиме, заклучи Зеленски и додаде дека не ги спречува неговите деца да ги следат вестите за војната.

Инаку, претседателот и неговата сопруга Олена ги имаат ќерката Александра (18) и синот Кирил (9). Претседателот неодамна изјави дека од почетокот на војната единственото нешто на кое може да се фокусира е работата и дека ретко го гледа семејството.

Зеленски и неговата сопруга се во брак од 2003 година, а почнале да се забавуваат на факултет. Заедно ја имаат продуцентската куќа Студио Квартал-95, која продуцираше филмови, телевизиски серии и организираше концерти.

Брачната двојка работеше заедно и на емисијата политичка сатира „Слуга на народот“, која му донесе победа на Владимир на изборите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.