Володимир Зеленски, украинскиот претседател, во интервјуто емитувано на украинската телевизија призна дека носи пиштол и знае како да го користи.

Знам да пукам. Можете ли да замислите (наслов како) „Претседателот на Украина заробен од Русите?“ Тоа е срамота. Верувам дека тоа би било срамота, изјави Зеленски за украинската телевизија 1+1.

Тој додаде дека се борел заедно со своите најблиски соработници кога Русите го нападнале неговиот штаб во Киев на почетокот на војната, пренесува Ројтерс.

Во првите денови од нападот на таа земја, украинските власти тврдеа дека руските разузнавачки единици се обиделе да влезат во Киев, но биле поразени и не стигнале до улицата Банкова во центарот на градот, каде што се наоѓа кабинетот на претседателот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.