Претседателот на Украина Володимир Зеленски рекол дека е можно да се разговара и да се најде компромис за тоа како ќе живеат луѓето на Крим и во републиките во Донбас.
Мораме да разговараме за тоа да најдеме компромис како луѓето ќе продолжат да живеат таму“, одговорил Зеленски на прашањето за можноста за признавање на Крим, Доњецк и Луганск.
Тоа што ми е важно е да сфатам како ќе живеат луѓето на тие територии, кој сака да биде дел од Украина – објаснил украинскиот лидер во интервју за “ABC News” и додал:
Прашањето е покомпликувано од самото нивно признавање. Ова е уште еден ултиматум, а ние не сме подготвени за ултиматуми.
Како што вели, тоа што мора да се направи е рускиот претседател да почне да разговара, да влезе во дијалог, наместо “да живее во информациски меур без кислород, бидејќи таму и се наоѓа”.
Путин ги добива тие информации, а вие не знаете колку се реални информациите кои ги добива – додал тој.
Претходно помошникот на претседателот на Русија и шеф на делегацијата на преговорите со Украина, Владимир Медински, во интервју за “RT” изјавил дека се надева дека во текот на преговорите ќе може да се пронајде решение на темата признавање на Крим и Донбас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.