Се вжештува „изборната“ кампања на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, кој има амбиција да го замени претседателот Володимир Зеленски.
Ова доаѓа во моменти на висок степен на јавен конфликт што постои меѓу Зеленски и Залужни, за кого има шпекулации дека во скоро време ќе биде сменет од позицијата прв човек на украинската војска.
Според украинскиот Устав, следните претседателски избори во земјата треба да се одржат во март 2024 година, но Зеленски деновиве изјави дека планира да ги суспендира поради конфликтот со Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.