Лидерите на ЕУ денеска го поздравија доаѓањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел за неговата прва посета во „срцето“ на Унијата по руската инвазија.
„Добре дојдовте дома, добре дојдовте во ЕУ“, твитна шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на фотографијата на која се ракува со Зеленски, заедно со шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Зеленски пристигна во Брисел на средба со лидерите на ЕУ од кои ќе бара да ја засилат поддршката за неговата земја опустошена од војна на третиот дел од неговата европска турнеја, соопштија официјални лица.
Тој пристигна во седиштето на Европската Унија со францускиот претседател Емануел Макрон за да се обрати во Парламентот на блокот и да присуствува на состанокот на самито
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.