Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот напад врз Украина со нов тип балистичка ракета е „јасна и сериозна ескалација“ во војната и повика на силна осуда од меѓународната заедница.
Ова е јасна и сериозна ескалација на големината и бруталноста на оваа војна. Употребата на балистичка ракета против Украина денеска е уште еден доказ дека Русија не е заинтересирана за мир“, наведе Зеленски на Х, по нападот на градот Днипро во центарот на земјата.
Тој додаде дека Путин „го тестира светот“, дека тоа е она што го прави и дека само решителна реакција од Западот може да го спречи.
Светот мора да одговори“, рече тој.
Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата рече дека Русија вчера истрелала хиперсонична балистичка ракета со среден дострел врз украински воен објект како одговор на употребата на американски и британски ракети од страна на Киев.
Во коментарите на X, Зеленски рече дека признавањето на Путин за употребата на новото оружје е уште една ескалација во војната, која сега трае повеќе од 1.000 дена, по распоредувањето на севернокорејските трупи на руска територија.
Путин не само што ја продолжува војната, тој им плука во лице на оние во светот кои навистина сакаат да го вратат мирот. Светот мора да одговори. Во моментов нема силна реакција од светот… Недостигот на остри реакции на постапките на Русија испраќа порака дека таквото однесување е прифатливо“, осуди Зеленски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.