Во интервју за Би-би-си, првата дама на Украина, Олена Зеленска, опиша како војната влијаела на нејзиниот семеен живот.
Ова можеби звучи себично, но ми треба сопруг покрај мене, а не историска личност“, рече таа додавајќи дека семејството не поминува многу време заедно.
„Но, ние се држиме, имаме сила и емотивно и физички. Сигурна сум дека ќе се справиме со тоа“, додаде таа. Кога Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, Олена Зеленска со месеци се криеше на тајни локации со своите деца“, пренесува медиумот.
Вели дека на почетокот на инвазијата имала постојано чувство на наплив на адреналин, но дека со текот на времето сфатила оти мора да се смири и да почне да живее во согласност со постојните услови.
Јас и мојот сопруг не живееме заедно, семејството е разделено. Се гледаме, но не толку често колку што би сакале. На син ми му недостига татко му. Ме боли кога ќе видам дека моите деца не планираат ништо. Нашата ќерка има 19 години. Други деца на нејзината возраст сонуваат за патувања, за нови искуства, емоции. Таа нема таква можност, рече таа.
Зеленска вели дека не сонувала оти сопругот ќе ѝ стане историска личност и дека ѝ недостига времето поминато заедно.
Верувам во него. И го поддржувам. Знам дека има доволно сила. Оваа ситуација би била многу потешка за која било друга личност што ја познавам. Тој е навистина многу силен и издржлив. На сите ни треба таа негова сила во моментот“, вели Зеленска.
Никој не може да знае што го чека. На крајот на краиштата, никој не можеше да замисли дека во 21 век ваква војна ќе се води среде Европа. Сурова, крвава војна. Украинците веруваат во победа, ние веруваме во победата. Не знам кога ќе дојде. Ова долго чекање и постојан стрес си го земаат својот данок“, изјави Олена Зеленска во интервјуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.