Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека украинските сили ја потиснале руската војска од две населени места Чаривна и Чкалова.

Двете населби се наоѓаат во областа Херсон, каде Украина спроведува контраофанзива со цел да го ослободи Херсон, главниот град на истоимениот регион.

Украинската војска соопшти дека руските сили продолжуваат да ги напуштаат окупираните делови на регионот Херсон, додавајќи дека грабежите стануваат се почести.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.