Во Австралија е пронајдена исчезнатата мала радиоактивна капсула, што исчезна минатата недела, а бидејќи е многу мала, се вели дека се бара игла во стог сено.
Капсулата ја изгубила рударската компанија „Рио Тинто“. Станува збор за компанија која на тамошната јавност и е позната поради бизнисот во Србија, а поради која минатата година имаше големи протести.
Капсулата била изгубена некаде покрај патот долг 1.400 километри на запад од континентот.
Државните власти го вклучија алармот во петокот предупредувајќи ги жителите за присуство на радијација во јужниот дел на државата, вклучително и североисточните предградија на Перт, каде живеат околу два милиони луѓе. Капсулата била ставена во пакет на 10 јануари, а деловниот соработник на рудникот ја подигнал од рудникот Гудаи-Дари на Рио Тинто на 12 јануари.
Возилото поминало четири дена на пат и пристигнало во Перт на 16 јануари, но било истоварено на преглед до 25 јануари – кога било откриено дека капсулата ја нема. Се верува дека силните вибрации предизвикани од нерамни патишта го оштетиле пакетот со отстранување на завртката за монтирање што го држела на место.
Експертите предупредија дека цезиумот-137 може да создаде сериозни здравствени проблеми за луѓето кои доаѓаат во контакт со него: изгореници на кожата од блиска изложеност, болест на зрачење и потенцијално фатален ризик од рак, особено за оние кои несвесно се изложени на долги временски периоди.
Инцидентот беше шок за експертите кои рекоа дека ракувањето со радиоактивни материјали како цезиум-137 е строго регулирано со протоколи за нивно транспортирање, складирање и отстранување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.