Циклонот Борис и обилните врнежи што ги донесе во Чешка и јужна Полска предизвикаа поплави во горниот тек и на помалите реки по сливот на Елба и Одра, евакуација на стотици луѓе и страв од повторување на катастрофалните поплави што ги погодија двете земји во 1997 година, пренесува Бета.
Пет лица се пронајдени мртви по невремето што ја зафати источна Романија, а десетици се заглавени во поплавените подрачја, соопштија денеска романските служби за итни случаи. Телата се пронајдени во местата Пече, Драгушени, Костаче Негри и Кород.

Спасувачките служби се борат да спасат 95 луѓе во тешко погодените источни области Галати и Васлуи. Хеликоптер е испратен во Галати за да помогне во потрагата и спасувањето.

Невремето погоди 19 места во осум окрузи во Романија, а силниот ветер собори десетици дрвја кои оштетија автомобили и блокираа патишта и го онезвожија сообраќајот.

Романскиот премиер Марсел Чолаку, поради невремето, денеска ја откажа посетата на областа Галати.

Од невреме, пороен дожд и поплави, викендов се погодени и Чешка, Полска, Австрија, Германија, Словачка и Унгарија.

Во Чешка денеска е прогласено трето, највисоко ниво на опасност од поплави на 38 места, главно на североистокот и истокот на земјата, во планините на границата со Полска, додека прво или второ ниво е пријавено на вкупно 169 места.

Во Полска нивото на водата ја надмина границата за тревога на повеќе од 30 места, а синоќа се евакуирани околу 400 жители на селото Глухолази во Ополското војводство.

Во четири региони во Полска и во Чешка, каде што метеоролозите издадоа најсилно предупредување за обилни дождови и се очекува да наврнат 400 литри вода на метар квадратен, забрзано се подигнуваат насипи направени од вреќи со песок и се подготвуваат мобилни бариери.

Ситуацијата е нешто подобра од претходно во 1997, 2010 и 2013 година, бидејќи на обилните дождови им претходеше долготрајна суша, но почвата веќе за два дена апсорбира доволно дожд, па сега се празнат вештачките акумулации за да може да се прифати новонадојдената вода.

Во двете земји се откажуваат масовни настани, во Чешка партиите ја прекинаа кампањата пред есенските регионални избори и за третина пратеници во Сенатот на Парламентот. Некои од градските паркови, гробиштата и Зоолошката градина во чешката престолнина Прага, се затворени поради дождот и паднатите дрва од невремето, а во полскиот град Вроцлав, кој најмногу настрада во поплавите во 1997 година, се откажани сите настани.

– Немаме информации дека Одра во Вроцлав би можела да се излее од своето корито или дека нивото на водата на некоја од големите реки би го надминало нивото на поплава. Сепак, треба да бидеме подготвени за избегнеме поплави и да ги одбраниме градовите, изјави градоначалникот на Вроцлав, Јацек Сутрик.

По предупредувањето на метеоролозите, властите во Чепка и Полска апелираа граѓаните да си подготват пакети за евакуација и ги советуваа што треба да содржат.

Во последните 24 часа во Полска пожарникарите на терен излегле 1.300 пати, а во Чешка имало 1.127 интервенции.

За помош во борбата против поплавите во двете земји ангажирана е армијата, а во Полска и територијалната одбрана.

Ветерот и врнежите кога на некои места во Чешка за 24 часа достигнаа и 200 литри дожд на метар квадратен, предизвикаа проблеми на железницата и енергетската инфраструктура поради што 63.000 луѓе останаа без струја во саботата наутро.

Во Полска властите се обидуваат да ги смират граѓаните и ги уверуваат дека и да има поплави, штетите нема да бидат како во претходните големи поплавувања, бидејќи во меѓувреме се презмени заштитини мерки,

Во Чешка, пак, поради предизборната кампања, властите ги подготват граѓаните за најлошото, користејќи ја истовремено можноста да покажат што прават се за да се избегне црното сценарио за големите поплави како во претходните години



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.