Египет, традиционален американски сојузник на Блискиот исток, на кого Вашингтон му помага со донација од една милијарда долари секоја година, на претстојниот самит на БРИКС во Јужна Африка ќе поднесе барање за приклучување кон таа организација.

Египет во вторник ќе учествува на самитот на БРИКС во Јужна Африка и ќе поднесе барање за приклучување на таа организација. Сметаме на поддршката на Русија по ова прашање, рекол претседателот на Египетскиот совет за меѓународни работи и поранешен министер за надворешни работи на Египет Мохамед ал-Ораби.

Минатата година египетскиот претседател Абдел Фатех ел Сиси го изнел предлогот до својата влада за пристапува кон Новата развојна банка на БРИКС, а владата на Египет на своето декемвриско заседание ја поддржала оваа иницијатива и ја одобрила нацрт резолуцијата на шефот на државата.

Веќе кон крајот на јануари 2023-та година, египетскиот парламент го одобри договорот со кој на Египет му се дозволува приклучување на таа финансиска институција.

Рускиот амбасадор во Каиро, Георгиј Борисенко, на 14-ти јуни потврдил дека Египет поднел барање за приклучување кон организацијата.

Самитот на БРИКС, со кој претседава Јужна Африка, ќе се одржи во Јоханесбург и според зборовите на јужноафриканскиот министер за меѓународни односи и соработка Наледи Пандора, лидерите на БРИКС ќе разговараат за проширување на организацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.