Венецуелскиот претседател Николас Мадуро на државната телевизија изјави дека дејствијата на западните земји против Русија се злосторство против рускиот народ и економска војна.

Она што тие го прават со Русија е злосторство против рускиот народ, економска војна, ја цитира РИА Новости неговата изјава.

Мадуро објасни дека со тоа мислел исклучување на Русија од меѓубанкарскиот систем SWIFT, затворање на воздушниот простор, суспендирање на сите трговски односи и забрана за користење на доларот.

Лудо е тоа што и го прават на Русија, резимира тој.

Претходно беше објавено дека венецуелските власти ја поддржуваат Русија и постапките на рускиот претседател Владимир Путин во регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.