Западни официјални лица, тврдат дека може да се очекува рускиот претседател Владимир Путин да ја смени тактиката, да се откаже од плановите за заземање на голема територија и да ја насочи својата огнена моќ кон источна Украина.
Според западните анализи, еден месец по почетокот на воената акција, Русија е „заглавена“, а во некои региони е потисната. Како што велат од Западот, Москва направила „катастрофална погрешна пресметка“ и затоа се очекува Русија да ја промени својата воена тактика во Украина и да ги консолидира своите резерви и логистички напори во источниот регион Донбас.
Зборувајќи за „Тајмс“, западен функционер вели дека интелигентниот отпор на Украина ги „исфрлил од колосек“ погрешните планови на Русија, кои во основа претпоставувале дека Украинците ќе и дозволат на Русија да се инфилтрира во нивната земја без многу борба.
Мислам дека е јасно дека првичниот руски план да може да има три одделни маневарски оски, да управува со нив истовремено и брзо да ги постигне своите цели е спречен – вели претставникот.
Соговорникот на „Тајмс“ вели дека се очекува Русија да продолжи со бомбардирање на украинските градови и да ги насочи своите напори кон исток – наместо да се обидува да продолжи понатаму низ целата земја.
Како што пишува „Дејли мејл“, како очигледна демонстрација на ова тврдење се појавило видео на кое наводно се гледа како руски хеликоптери влечат воени камиони на 40 километри југоисточно од Херсон, украинскиот град на југот на земјата во близина на границата со полуостровот Крим.
Херсон беше единствениот голем град освоен од руските силит. Сепак, сателитски снимки на аеродромот во Херсон – кој Русија го држи од почетокот на март и на кој пред пет дена имало четири хеликоптери – покажажуват дека ниту еден од московските авиони не е таму, објавува „Дејли телеграф“.
Висок британски одбранбен функционер вели дека Русија сега води војна на „исцрпување“ на Украина, откако бројните неуспеси покажале дека Москва „не успеала да ги постигне своите првични цели“.
Шефот на британската воена разузнавачка служба, Џим Хокенхол, изјави дека Москва е изненадена од обемот и интензитетот на украинскиот отпор и дека руските сили се „преокупирани со проблемите што ги создал“.
Руските операции се сменија. Кремљ сега спроведува стратегија на исцрпување. Ова ќе вклучи непромислена и неселективна употреба на огнена моќ (и) ќе резултира со зголемување на цивилните жртви, уништување на украинската инфраструктура и интензивирање на хуманитарната криза – вели Хокенхол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.