Руските медиуми потврдуваат дека генерал-мајор, Роман Кутузов, загинал за време на руската специјална операција во Украина.

Заминавте како војник, како воин. Ова не им е дадено на сите – објави воениот дописник Александар Сладков на својат канал на Телеграм.

Истовремено, каналот на Телеграм „Воено разузнавање“ информира дека Кутузов загинал за време на борбена мисија во близина на селото Николајевка, област Попасња, во Луганската Народна Република.

Во известувањето се наведува дека за време на службата, Кутузов бил одликуван со Орденот за храброст „За воени заслуги“, како и со медалот „За храброст“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.