Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Украина употребила западни ракети, најверојатно американски ХИМАРС, при вчерашното уништувањето на мостот над реката Сејм во Курската област.

Таа на Телеграм напиша дека се убиени волонтерите, кои помагале при евакуација на цивилите. Захарова истакна дека одговорните за нападот ќе бидат строго казнети.

Украинската армија на 6 август ја нападна руската Курска област.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.