Делегација на Хамас е во посета на Москва, а меѓу нив и високиот член Абу Марзук.
Делегација на Хамас моментално е во посета на Москва, на разговори за ослободување странски заложници, вклучително и руски државјани, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пренесе Ројтерс.
Москва за актуелната криза го обвини неуспехот на американската дипломатија и повика на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и продолжување на преговорите.
Хамас објави своја изјава во која ги пофали напорите на рускиот претседател Владимир Путин и Министерството за надворешни работи да стават крај на „злосторствата на Израел поддржани од Западот“, пренесува руската новинска агенција РИА.
Иранскиот шеф на дипломатијата, Хосеин Амир-Абдолахиан предупреди денеска пред Генералното собрание на Обединетите нации дека доколку не се прекине нападот на Израел врз Хамас, ниту САД нема да бидат поштедени од војната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.