Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија жали поради протерувањето на 12 руски дипломати од ОН.

САД протераа 12 руски дипломати од Обединетите нации поради загриженост за националната безбедност, соопштија американски и руски дипломати.

Захарова истакнува дека Русите овој чин го сметаат за намерна и цинична ескалација на односите меѓу Русија и САД.

Протерувањето на 12 дипломати од ОН го сметаме за намерна и цинична ескалација на руско-американските односи, што беше испровоцирано од Вашингтон со кршење на неговите обврски – напиша Захарова.

Таа порача дека САД нема да останат без соодветен одговор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.