Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека реакцијата на светската заедница на потезите на Русија, вклучувајќи ја и изгласаната резолуиција на Генералното собрание на ОН, е хистерична и дека изјавите на официјалните лица се апсурдни, пренесоа руските медиуми.

-Тоа е хистерија, тоа е заплашување, сето тоа заедно. Тие ќе изнесуваат се повеќе и повеќе апсурдни тврдења, рече таа.

Русија, наведе таа, се обидела да го спречи актуелниот развој на настаните во Украина, но Западот избрал да не обрнува внимание на тоа.

-Сето ова е претставено како долго очекувана и посакувана акција на Русија. Сепак, тоа е принудна ситуација. Ова се случи откако беа исцрпени сите можности за преговори, компромиси и објаснувања. Неопходно е да се свати тоа, нагласи Захарова.

Таа оцени дека „неверојатно е што Западот сега се спушта до такво ниво што не сака да преземе никаква одговорност за настаните во Украина“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.