Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека официјален Киев го саботира процесот на размена на воени заробеници.

Руското Министерство за одбрана предложи оваа година да се разменат 935 украински воени заробеници, но официјален Киев се согласи на размена на само 279 лица“, соопшти Захарова на онлајн брифинг со новинарите.

како што додаде Захарова, Русија редовно повикува на враќање на практичниот дијалог и зголемување на обемот на размена на затвореници без скриени политички цели, но за официјален Киев овој процес е политички и украинската страна го гледа како медиумски инструмент за остварување на своите интереси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.