Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја нарече американската воено-биолошка активност во Украина „ѓаволски план“, објавувајќи документи и информации добиени од отворени извори прави хронолошка листа на воено-биолошките активности на САД во Украина.
Отворените извори, како и документите протечени на Интернет (вклучително и преку „Викиликс“) даваат груба претстава за степенот на вклученост на американските политички елити во воено-биолошката активност во Украина. Има премногу празнини во овој навистина ѓаволски план кои допрва треба да се пополнат – напиша портпаролката на Телеграм, во пост со наслов „БиоБајден“.
Захарова додава дека објавениот список не е сеопфатен.
* Во 1991 година, САД почнаа програма за земјите од поранешниот Советски Сојуз со цел да го контролираат / елиминираат советското оружје за масовно уништување, вклучително и биолошкото.
* Две години подоцна – потпишување на украинско-американскиот пакт за спречување на ширењето на оружје за масовно уништување.
* Дополнителен протокол со пакт на Министерството за здравство на Украина и Агенцијата за смалување на безбедносните закани на американското Министерство за одбрана (ДТРА) за спречување на ширење на технологии, патогени и знаење што може да се користат во развојот на биолошкото оружје беше потпишан во 2005 година. Според Захарова, тоа бил почеток на вистинското пренесување на воено-биолошкиот потенцијал на Украина во рацете на американските експерти.
* Во 2000 година, големите американски компании од воено-индустрискиот комплекс биле вклучени во воено-биолошки активности во Украина.
* Од 2005 до 2014 година, наместо да уништи голем број објекти, компанијата „Black & Veatch Special Projects“, која работи за ДТРА, изградила и надградила осум биолаборатории, вклучително и во Одеса, која од 2011 година е спонзорирана за проучување на „патогени кои може да се користат во биотерористички напади“.
* Соработникот на Пентагон, Нејтан Волф, во 2007 година, ја основа биомедицинската компанија „Global Viral Forecasting Institute“ (подоцна преименувана во „Global Viral“), која имала за цел непрофитно истражување на прекуграничните инфекции, вклучително и во Кина.
* Синот на сегашниот американски претседател, Хантер Бајден и посинокот на поранешниот американски државен секретар, Џон Кери, Кристофер Хајнц, во 2009нгодина ја основале инвестициската компанија „Rosemont Seneca Partners“.
* Неуставен државен удар во Украина во 2014 година
* Влегување на Хантер Бајден во 2014 година во Управниот одбор на украинската енергетска компанија „Burisma Holdings“
* Истата година, приватната непрофитна организација „Metabiota“ се одвои од компанијата „Global Viral“, со цел да го истражи ризикот од пандемија. Хантер Бајден, Нил Калахан и Џон Делош од „Rosemont Seneca Partners“ се назначени за членови на одборот на „Metabiota“. Тогаш Пентагон почнал да ги финансира „Global Viral“ и „Metabiota“.
* Во 2014 година, „Metabiota“ покажала интерес за Украина и апелираше до синот на Бајден „да ја заштити културната и економската независност на Украина од Русија“.
* Истата година „Metabiota“ и „Burisma Holdings“ почнаа да соработуваат на неименуван „научен проект во Украина“.
* Вистинската соработка на „Metabiota“, „Global Viral“ и „Black & Veatch Special Projects“ во програмите на Пентагон почнала таа година.
* Од 2014 до 2016 година се реализирани договори на „Metabiota“ и Пентагон, вклучително и проект вреден 300.000 долари во Украина.
* Американската државјанка Улјана Надежда Супрун, потомок на украински нацисти, е назначена за вршител на должноста министер за здравство на Украина во 2016 година. Програмата за соработка меѓу Пентагон и Министерството за здравство на Украина е квалитативно проширена.
* Истата година, изби свински грип меѓу украинската армија, која ја чуваше биолошката лабораторија во Харков. Загинаа 20 лица, а инцидентот беше заташкан.
* Поранешниот американски помошник секретар за одбрана, Ендрју Вебер, беше назначен за шеф на одделот за глобално партнерство на „Metabiota“ во 2016 година.
* Истата година, структурата на основачот на „Global Viral“ Натан Волф – фондот „EcoHealth Alliance“ беше вклучена во истражувањето на коронавирусите што ги пренесуваат лилјаци во Истражувачкиот центар во лабораторија во Вухан.
* Договорот меѓу ДТРА и Министерството за здравство на Украина беше продолжен во 2016 година во договор со Министерството за одбрана на Украина.
* Глобалната пандемија на мутираниот коронавирус кај лилјаците почна во 2019 година во Вухан.
* Специјалната операција на руските вооружени сили во Украина почна на 24 февруари 2022 година.
* Според итна постапка, на 24 и 25 февруари 2022 година почна уништување на соеви во биолошки лаборатории во Украина.
* Говор на американската заменичка државен секретар, Викторија Нуланд, на 8 март 2022 година, кога таа отворено го призна постоењето на соработка меѓу САД и Украина во врска со патогени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.