Русија никогаш немала и нема намера да ја нападне Украина. За тој став писмено го известивме Вашингтон, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа нагласи дека писмената реакција на Москва на американскиот одговор на безбедносните гаранции предложени од руската страна претходно, го нагласува тој факт.
– На првата страница од овој текст стои: Украина. И понатаму: Русија никогаш немала и нема намера да иницира агресивни акции против оваа земја, рече Захарова во интервју за НТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.