Украинската армија добила силен удар со загинувањето на полковникот Игор Беџај, кој беше еден од најодликуваните пилоти во украинските воздухопловни сили.
Поморски офицер, заменик командант на морнарицата за воздухопловство, полковник Игор Беџај, загина при извршување на задачата – соопшти директорот на фондацијата „Врати се жив“, Тарас Чмут.
Пилотот загинал при извршување на борбена мисија, како дел од екипажот на поморски хеликоптер, МИ-14.
Првично нема податоци на која локација на фронтот загинал полковникот Беџај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.