Зад планот за напад на концертот на Тејлор Свифт можно е да стоеле и лица со турско и хрватско потекло, беше истакнато денес по информацијата дека главниот осомничен е 19-годишник родум од Австрија, со родители по потекло од Македонија.
Од она што досега е позннато, покрај 19-годишникот, уапсен е и 17-годишник, а осомничени се уште неколку други лица.
Еден од тројцата што се под полициски надзор има хрватски корени, но е роден во Австрија, изјавија властите во Виена, пренесе „Индекс“.
„Крон цајтунг“ пишува дека осомниечени се четворица и во моментот се под полициски надзор. Едниот од нив е 17-годишник роден во Австрија со хрватско-турски корени, кој веќе ѝ бил познат на полицијата.
Меѓу нив има и петнаесетгодишник со турско потекло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.