Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги оквалификува како смешни обвиненијата што во четвртокот против него ги упати федералниот суд во Вашингтон.

Тој, исто така, ги дефинираше како незаконски и ја критикуваше инструментализацијата на правдата од неговиот ривал, демократот Џо Бајден.

-Ова обвинение е смешно и не е легално. Ова е очајнички чин на патетичниот Џо Бајден и неговите измамници од радикалната левица за да ја задржат контролата над власта. Секогаш кога ме обвинуваат, нам ни се зголемува рејтингот. Потребен ни е уште еден импичмент за да го добиеме овој глас, додаде Трамп за време на кампањата во Алабама мислејќи на претседателските избори следната година.

Предизборниот настан се одржа во Монтгомери, каде Трамп беше срдечно пречекан од неговите поддржувачи.

Во четвртокот, тој се изјасни за невин пред судот во Вашингтон за обвиненијата поврзани со обидот за поништување на изборите во 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.