Пратеникот на полскиот парламент (Сејм) на коалицијата на националисти и евроскептици „Конфедерација“ Гжегож Браун ги изгасна свеќите на менора (еврејски свеќник) со апарат за гаснење пожар во зградата на парламентот.
Според полскиот весник „Газета Виборшча“, Браун решил да ја прекине прославата на Ханука во Сејм и ги изгаснал менорите со противпожарен апарат. После тоа обезбедувањето на зградата нареди евакуација на луѓето.
За време на гаснењето на менора, Браун изјавил дека самото палење свеќи е „сатанско“ и дека „не може да се одржи во полскиот Сејм“.
Низ ходникот на парламентот се прошири чад кој луѓето се обидуваа да го испуштат.
Браун претходно постојано беше обвинет за изразување национализам и антисемитизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.