Иранските хакери од групата „Татковинска правда“, денеска објавија нови информации за функционери во албанските министерства и државни институции.
Во содржината објавена на мрежата Телеграм ги има нивните имиња, други чувствителни податоци, како и нивни банкарски сметки од банка која работи во земјата, а била хакирана вчера.
Во списокот со имиња можеме да видиме ликови со важен политички статус, но и во правосудните институции. Во некои папки стои името на шефицата на албанското биро за истраги, Аида Хајнај, нејзините лични податоци како и податоци од нејзината банкарска сметка. Има податоци и за некои функционери на државната полиција како Арди Велиу, Гледис Нано. На овој список се наведени и имињата и личните податоци на членовите на Високиот судски совет, како и на дел од пратениците, јави Ора њуз.
Најголем дел од списокот на функционери, кои имаат сметка во оваа второстепена банка, го заземаат лица кои работат во Обвинителствата и судовите.
Според истиот извор, во врска со кибер-напад врз нејзиниот систем, вчера се огласија и банката која им “арантира на своите клиенти да не се грижат, бидејќи нивните пари се безбедни”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.