Во Франција за пет дена има повеќе од 70 лажни закани за бомби, а повеќето од нив биле насочени кон аеродромите. Речиси сите се испратени од иста електронска пошта од Швајцарија, изјави францускиот министер за транспорт Клеман Бон.

„Големи идиоти, дури и големи деликвенти“, рече Бон за сторителите на повеќекратни лажни закани со бомби, пренесе „Фигаро“.

Бон истакна дека, за среќа, имало многу помалку лажни тревоги во саботата, првиот ден од викендот за многу Французи.нМинистерот рече дека некои од тие луѓе кои испраќаат лажни закани прават лоши шеги, додека други навистина сакаат да ги исплашат луѓето и дека понекогаш постои еден вид „натпревар на глупост меѓу хакерите“.

„Сите имаат одговорност, вклучително и платформите и социјалните мрежи, да не поддржуваат ваков тип на напади и што е можно поскоро да соработуваат со француската полиција и нашето правосудство“, рече Бон.

Според него, правењето лажна тревога е крајно опасно бидејќи се мобилизираат безбедносните сили неколку часа, како и принудување на луѓето да се евакуираат, што, во некои случаи, доведува до собирање на луѓе надвор, што е исто така безбедносен проблем.

Покрај аеродромите, на мета на лажни дојави за бомби се и одредени јавни институции.

Версајската палата денеска беше привремено евакуирана по седми пат во последните осум дена.

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво откако напаѓачот го уби наставникот Доминик Бернар и тешко рани уште три лица во средното училиште во Арас на 13 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.