Палестинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека гласањето на Генералното собрание на ОН за давање дополнителни права на Палестинците во светската организација покажало дека тие заслужуваат „полноправно членство“.

Гласањето „потврдува дека Палестина ги исполнува сите барања пропишани во Повелбата на Обединетите нации… Така таа заслужува, и е квалификувана да добие полноправно членство во Обединетите нации“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Палестинската управа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.