Вториот силен земјотрес кој утрово ги погоди Турција и Сирија го затекна новинарот на агенцијата Демирорен абер ајанси додека врши пренос во живо од урнатините во градот Кахраманмарас, Турција. Тој известуваше за последиците од првиот земјотрес кој во раните утрински часови го погоди југот на Турција и соседна Сирија со јачина од 7.9 степени според Рихтеровата скала.

Токму додека известуваше во живо неговата камера ја засведочи паниката што настана на урнатините. Видно исплашени се спасувачите, но и новинарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.