Јапонец бил уапсен поради тоа што го повикал бројот за итни случаи во Токио повеќе од 1.000 пати, молчејќи по воспоставувањето телефонска врска. Приведен бил вчера под сомнение дека ја попречувал работата на полицијата, соопштија јапонските власти.

Тој повик ми го смирува мозокот! – рекол осомничениот Јошифуми Мураками (49) пред полицијата.

Тој тврди дека по професија е лекар, но полицијата допрва треба да ја потврди таа информација. Тој, според наводите, од 30 август до 17 септември имал вкупно 1.301 „итен“ повик, а само за еден ден се јавил 183 пати на полиција.

Покрај повиците наведени во предметниот извештај, полицијата се сомнева дека Мураками е одговорен за уште 1.300 слични злоупотреби други броеви за итни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.