Врховниот суд на САД ќе разгледува дали на Доналд Трамп треба да му се забрани да се кандидира за претседател.

Судиите ќе проценат дали одлуката на сојузната држава Колорадо да го отстрани Трамп од гласачкото ливче е валидна.

Одлуката на судот ќе влијае и на одлуките на другите сојузни држави кои имаат или би сакале да го отстранат името на Трамп од гласачкото ливче пред претседателските избори во 2024 година.

Трамп е апсолутен фаворит на републиканците за претседателските избори во ноември годинава, кога би можело да се повтори дуелот актуелниот претседател и најверојатен кандидат на Демократската партија, Џо Бајден.

Колорадо, а потоа и државата Мејн, го отстранија Трамп од гласачките ливчиња повикувајќи се на 14-тиот амандман на американскиот Устав, кој ретко се користеше до сега.

Тие го обвинија Трамп дека повикал на бунт во Вашингтон во јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот на САД и загинаа пет лица.

Трамп ја обжали одлуката на судот во Колорадо и во Мејн.

Барања за дисквалификација на Трамп се поднесени во неколку сојузни држави, со образложение дека тој учествувал во бунтот за време на немирите во Капитол пред три години.

Правната одлука ќе зависи од тоа дали уставниот амандман од времето на Граѓанската војна го спречува Трамп да биде кандидат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.