Генералот Валериј Залужни, врховен командант на украинските вооружени сили, кој исчезна од очите на јавноста во последните неколку недели, бил тешко ранет пред неколку недели во руски напад во близина на градот Херсон, изјавил за РИА Новости извор од безбедносните сили.
Залужни претрпел траума на главата и бројни рани од шрапнели на почетокот на мај, во ракетен напад врз украинскиот команден пункт недалеку од селото Посад-Покровское, објави агенцијата во средата.
На генералот му била извршена краниотомија во воената болница во Киев по нападот, тврди изворот. Прогнозата на лекарите е дека 49-годишникот ќе преживее, но повеќе нема да може да ги извршува своите должности како командант, додаде тој.
Состојбата на Залужни дополнително се комплицирала бидејќи тој имал имено дијабетес, објави агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.