Едно лице загина, а три други се ранети во повеќе престрелки во Бруклин и Квинс, области на Њујорк Сити во САД, за кои полицијата верува дека се случајни.
Вооружен маж кој возел скутер без регистарски таблички отворил оган во саботата на пет различни локации во Јамајка, населба Квинс и во Бруклин, соопшти њујоршката полиција.
Приведен е 25-годишен маж кај кого е пронајден пиштол калибар 9 милиметри со продолжена рамка, се вели во соопштението на полицијата.
Не го знаеме мотивот. Во овој момент, врз основа на видео снимката што ја имаме, веруваме дека тој не цели никого, не следи никого. Додека го вози својот скутер, тој пука во луѓе, рече службеник на полицијата.
На снимката што ја има полицијата, се гледа како осомничениот со скутер и приоѓа на жртвата одзади и пука еден истрел.
Потоа, 17 минути подоцна, истиот осомничен пукал со пиштол кон 87-годишен маж во Квинс, соопшти полицијата.
Жртвата, која беше застрелана во грбот, им подлегна на повредите откако беше пренесена во болница, изјави полициски претставник.
Тој додаде дека кога полицијата пристигнала на местото на настанот, дознала за уште едно пукање во кое никој не бил застрелан и дека бројни сведоци пријавиле дека виделе човек како вози скутер и „пука во група луѓе“.
Четвртото пукање се случило во 11:35 часот кога 44-годишен маж бил застрелан во образот, хоспитализиран и во критична состојба.
Неполна минута подоцна, осомничениот го застрелал 63-годишниот маж во десното рамо. И оваа жртва е хоспитализирана и е во стабилна состојба, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека напаѓачот употребил исто оружје во сите пет инциденти и дека осомничениот кој е уапсен веќе има криминално досие.
Pucnjava u Njujorku pic.twitter.com/Pymt1JgrJ7
— Pluton (@Pluton45873221) July 9, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.