Украинската престолнина Киев и многу други градови се под ракетни напади, објави во понеделникот заменикот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко, повикувајќи ги граѓаните да останат во засолништата, а сведоците јавуваат и за експлозии во рускиот пограничен град Белгород наспроти украинскиот доминантно руски град Харков.
„Украина е под ракетен напад, имаме информации за многу погодени градови во нашата земја“, објави Тимошенко на Telegram.
This morning russian federation – the terrorist state – launched 75 missiles on Ukraine. 41 of them have been shot down.
General Valerii Zaluzhnyi, Commander-in-Chief of the Ukrainian Armed Forces@CinC_AFU— Defense of Ukraine (@DefenceU) October 10, 2022
Вкупно 75 проектили биле лансирани во денешните напади во повеќе украински градови, меѓу кои и во главниот град Киев, во кој, според последниот биланс, загинаа најмалку осум лица, а 24 се повредени.
Информацијата ја соопшти началникот на Генералштабот на украинската армија Валериј Залужни кој на твитер-профилот на Министерството за одбрана објави дека денеска врз Украина биле истрелани 75 проектили, а оти 41 од нив биле соборени од противвоздушната одбрана на Украина.
Според итните служби во Киев има мртви и повредени. Експлозии во понеделникот утрото имало и во Лвов, Тернопил и Житомир на западот на Украина, како и во Дњепар во централниот дел од земјата.
Густ чад се издигнува од центарот на Киев откако украинската престолнина била потресена од неколку силни детонации. Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека има мртви и ранети во експлозиите кои во понеделникот утрото ги потресле украинските градови и ја обвини Русија дека се обидува неговата земја „да ја избрише од лицето на земјата“.
„Се обидуваат да нѐ уништат и избришат од лицето на земјата… да ги уништат нашите луѓе кои спијат дома во градот Запорожје. Да ги убијат нашите луѓе кои одат на работ во Дњепар и Киев. Сирените за воздушна тревога се слушаат ширум Украина. Проектилите гаѓаат. За жал, има мртви и ранети“, изјави Зеленски на апликацијата за размена на пораки Telegram.
So, russkies, you really think you can compensate for your impotence on the battlefield with missile strikes on peaceful cities? You just don’t get it do you – your terrorist strikes only make us stronger. We are coming after you.
— Defense of Ukraine (@DefenceU) October 10, 2022
Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко ги повика жителите на Киев е да побараат засолниште од руските ракетни напади.
Претходно во понеделникот утрото се слушнале неколку силни експлозии кои создале облаци од чад над центарот на Киев, но целта на нападот веднаш не беше јасен. Киев неколкупати беше гаѓан со руски проектили од почетокот на војната на 24 февруари.
Меѓутоа, денешното ракетирање, според првичните процени, се најголемите и прво по многу месеци. На една од најфреквентните крстосници во Киев има голем кратер, според очевидци. Автомобили се разнесени, згради оштетени. Два автомобила во близина на кратерот целосно се уништени, поцрнети и издупчени од шрапнели. Прозорци се разнесени на зградите на главниот киевски универзитет „Тарас Шевченко“.
„Главниот град е под напад на руските терористи! Проектили погодија објекти во центарот на градот“, објави градоначалникот Кличко на социјалните мрежи.
Освен во Киев, Днепар и Запорожје, градоначалникот на Харков, Игор Терехов, на Телеграм објави дека проектили погодиле локација на енергетска инфраструктура предизвикувајќи прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во некои области на градот.
Без електрична енергија останаа и делови од градот Лавов во западна Украина по денешните напади врз клучна инфраструктурна постројка, соопшти градоначалникот Андреј Садови.
„Поради недостиг на струја, привремено е прекината работата на градските термоцентрали. Затоа, не е обезбедена топла вода во моментов“,
напиша Садови на Твитер.
Руските напади врз украинските градови и провинции ги потврди претседателот Володимир Зеленски, кој на Телеграм објави дека нападите се се насочени кон енергетската инфраструктура низ целата земја.
„Енергетските капацитети во Киев, Лавов, Днепар, Виница, Запорожје, Харков и други региони се погодени. Тие сакаат паника и хаос, сакаат да го уништат нашиот енергетски систем. Тие се безнадежни“,
вели тој во објава на Телеграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.